Еурофарм Пелистер продолжи со интензивното засилување на составот за тековната сезона, носејќи звучно име на бековската позиција. Нов ракометар на битолскиот тим е 26-годишниот француски среден бек Саду Нтанзи, кој пристигнува од редовите на германскиот бундеслигаш Мелсунген и потпиша едногодишен договор со македонскиот вицешампион.
Нтанзи зад себе има импресивно ракометно портфолио изградено низ школата на францускиот гигант ПСЖ. За четирите сезони поминати во првиот тим на ПСЖ, тој освои дури четири шампионски титули во Франција, комплетирани со трофеи во националниот Куп и Суперкуп, а истовремено ги помина и сите младински репрезентативни категории на својата земја.
По заминувањето од Париз, францускиот организатор на играта ги бранеше боите на Феникс Тулуз, унгарска Татабања и катарски Ал Араби, за потоа да премине во Мелсунген. Со германскиот колектив изминатата сезона го подигна трофејот во Лигата на Европа и избори пласман во елитната Лига на шампиони. Нтанзи во следните денови ќе пристигне во Битола, каде што и официјално ќе биде претставен пред македонската спортска јавност.

