Други спортови Одбојка

САД преку драма до финале против Полска во Лигата на нации!

Соединетите Американски Држави обезбедија место во финалето на одбојкарската Лига на нации по победата над Јапонија со 3-2 во сетови (25:19, 23:25, 20:25, 25:19, 15:13) по вистинска драма на теренот. Во борбата за шампионскиот трофеј, Американците ќе ги одмерат силите со репрезентацијата на Полска, предводена од Никола Грбиќ, која во првото полуфинале ја совлада Словенија.

Публиката во кинескиот град Нингбо уживаше во извонреден натпревар во кој САД доминираа во првиот сет и лесно стигнаа до почетна предност. Сепак, Јапонците заиграа значително подобро во продолжението, го добија неизвесниот втор сет со 25:23, а потоа го освоија и третиот дел од играта со 25:20 за целосен пресврт. Американците го прифатија предизвикот во четвртиот сет (25:19) и изборија одлучувачки петти сет, каде што при резултат 11:12 за Јапонија со серија од три поени стигнаа до две меч-топки и ја реализираа втората за значаен триумф.

Најуспешни во составот на САД беа 39-годишниот ветеран Метју Андерсон и Џејк Хејнс, кои постигнаа по 24 поени и беа единствените со двоцифрен учинок кај победниците. Во редовите на Јапонија најмногу се истакнаа Нишида со 19 и Ишикава со 18 поени. Финалната пресметка за титулата е на програмата во недела.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.