Меѓународен фудбал Светски првенства Фудбал

САД повторно сакаат домаќинство на Мундијалот 2038?

Иако Светското првенство во 2026 година сè уште не е завршено, во фудбалските кругови веќе започнаа разговорите за домаќинот на Мундијалот во 2038 година. Според повеќе светски медиуми, САД размислуваат повторно да се кандидираат, овојпат како единствен организатор.

Доколку таквото сценарио се реализира, Америка би била домаќин само 12 години по шампионатот што ќе го организира заедно со Канада и Мексико. Воедно, се споменува можност турнирот во 2038 година да биде првиот во историјата со дури 64 репрезентации.

Поддржувачите на оваа идеја сметаат дека САД располагаат со врвна инфраструктура, модерни стадиони и огромен организациски капацитет. Но, ваквите најави отворија и дебата дали ФИФА сè повеќе ги носи одлуките според економските интереси, наместо да им даде шанса и на други земји да бидат домаќини на најголемиот фудбалски спектакл.

Засега, сепак, нема официјална одлука. ФИФА не го започнала процесот за избор на организатор на Светското првенство во 2038 година, а информациите се базираат на најави и потенцијален интерес за американска кандидатура.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.