Меѓународен фудбал Светски првенства Фудбал

САД ја елиминира БиХ и закажа осминафинална пресметка со Белгија!

Фудбалската репрезентација на САД обезбеди место во осминафиналето на Светското првенство, откако во натпреварот од шеснаесетфиналето ја совлада Босна и Херцеговина со 2:0. И покрај тоа што повеќе од половина час играше со фудбалер помалку, домашната селекција успеа да ја задржи предноста и да ја потврди победата со уште еден погодок во финишот. Босанците први се заканија преку Ермедин Демировиќ, но американскиот голман Мат Фриз успешно интервенираше. На спротивната страна Фоларин Балогун најпрво постигна гол кој беше поништен поради офсајд, а во самиот финиш на првото полувреме сепак ја затресе мрежата и им донесе водство на Американците.

Второто полувреме донесе нов проблем за БиХ, откако капитенот Един Џеко поради повреда мораше предвреме да го напушти теренот. Неколку минути подоцна САД остана со десетмина, бидејќи Балогун заработи директен црвен картон по ВАР-интервенција. Иако имаа бројчана предност, избраниците на Сергеј Барбарез не успеаја да ја искористат шансата да се вратат во натпреварот. Наместо тоа, Малик Тилман во 82. минута со прецизен удар од слободен удар ги постави конечните 2:0 и ја завери победата на американската репрезентација.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.