Меѓународен фудбал Светски првенства Фудбал

САД фаворит, но БиХ верува во нова сензација на Мундијалот!

Репрезентацијата на Босна и Херцеговина вечерва ја очекува еден од најважните натпревари во својата историја, откако во осминафиналето на Светското првенство ќе се соочи со домаќинот САД.Американците влегуваат во дуелот како фаворити, потпомогнати од домашната публика и солидните настапи во групната фаза, но од таборот на БиХ порачуваат дека нема да се откажат од борба и дека пласманот меѓу најдобрите 16 не е случајност.

Во пресрет на натпреварот, селекторот Сергеј Барбарез одби да се занимава со изјави од противничкиот табор и нагласи дека целосниот фокус е насочен кон играта и тактиката, а не кон медиумските провокации. И капитенот Един Џеко испрати порака дека БиХ има свои квалитети и дека ќе се обиде да оди чекор подалеку на турнирот. Тој истакна дека репрезентацијата мора да игра храбро и без респект кон противникот, бидејќи токму такви натпревари носат најголеми резултати.

БиХ веќе го направи историскиот чекор со пласманот во нокаут-фазата, но сега целта е јасна – продолжување на патот и нова сензација против домаќинот.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.