Арина Сабаленка вечерва ќе има можност да го завери останувањето на првото место на ВТА листата, доколку слави во мечот од третото коло на турнирот во Торонто против Кинеската Жанг. Во случај на пораз, Белорусинката сепак може да остане на врвот, освен ако Елена Рибакина не го освои трофејот во Канада.
Најдобрата светска тенисерка е во одлична форма на тврда подлога, каде нема пораз уште од финалето на Австралија Опен, а во меѓувреме ги освои титулите во Индијан Велс и Мајами. Сабаленка истакна дека во северноамериканската сезона повторно ќе се потпре на својот препознатлив агресивен стил на игра, наместо да експериментира со нови елементи.
„Целта е титулата. Се враќам на играта што ми носи најмногу успех“, порача Белорусинката.
Покрај настапот во сингл, Сабаленка ќе биде во центарот на вниманието и на претстојниот Ју-Ес Опен, каде во конкуренција на мешани двојки ќе настапи заедно со Новак Ѓоковиќ, тандем од кој тениската јавност очекува вистински спектакл.

