Други спортови Тенис

Сабаленка по елиминацијата: Сакам веднаш да заминам во пензија!

Светскиот рекет број еден во женска конкуренција Арина Сабаленка предизвика вистински шок во спортската јавност со својот емотивен коментар по неочекуваниот пораз од Русинката Диана Шнајдер во четвртфиналната фаза на Ролан Гарос. Најдобрата светска тенисерка испушти убава предност и беше елиминирана со резултат 6:3, 5:7, 0:6, по што на официјалната прес-конференција со крајно искрена изјава откри дека во моментот е целосно испразнета и нема никакви мисли ниту емоции, туку едноставно сака веднаш да престане со тенисот, па додаде дека дури по неколку дена ќе ја анализира ситуацијата со надеж дека набрзо психички ќе закрепне од овој тежок удар.

Првата носителка на турнирот во Париз потенцираше дека имала навистина одлична шанса да го реши мечот во своја корист за време на вториот сет, но направила неколку грешки на теренот што нејзината противничка максимално го искористила за да се врати во игра и да заврши одлична работа на крајот од дуелот. Сабаленка призна дека нејзиниот најголем пропуст бил фактот што не успеала психолошки да се соземе по загубениот втор сет, по што не памети кога последен пат доживеала ваков дебакл и дозволила да загуби десет гема по ред на еден ваков важен натпревар.

Завршувајќи го своето излагање пред медиумите, прворангираната тенисерка на ВТА листата со тешко срце заклучи дека во финишот од пресметката едноставно паднала во навистина длабока и темна дупка од која никако не можела да најде излез и да се врати во вистинскиот победнички ритам.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.