Други спортови Тенис

Сабаленка и Рибакина во спектакуларно финале на УС Опен

Арина Сабаленка и Елена Рибакина ќе се борат за трофејот на УС Опен, во финале што ги соочува двете најдобри тенисерки во светот и носи ново поглавје од едно од најголемите ривалства во современиот женски тенис. Белорусинката се пласираше во своето четврто последователно финале во Њујорк со победата над Џесика Пегула од 7:5 и 6:2, додека Рибакина со пресврт ја елиминираше домашната фаворитка Коко Гоф со 3:6, 6:4 и 6:4.

Двократната последователна шампионка Сабаленка уште еднаш ја потврди доминацијата на централниот терен „Артур Еш“, продолжувајќи ја својата победничка серија на САД Опен на дури 19 меча. Со оваа победа таа ќе се обиде да стане првата тенисерка по Серена Вилијамс која трипати по ред го освоила турнирот во Њујорк.

Од друга страна, Рибакина по значително потежок пат стигна до своето прво њујоршко финале. Сепак, самиот пласман во борбата за пехарот ѝ го обезбеди историското прво место на ВТА-листата без разлика на исходот од финалниот меч, со што ќе стане првата тенисерка од Казахстан што се искачила на самиот врв на светскиот поредок.

Саботниот двобој ќе биде нивна четврта меѓусебна пресметка во 2026 година и трета борба за гренд слем титула. Рибакина славеше во јануари на Австралија Опен, додека Сабаленка се реваншираше со победи во Индијан Велс и Мајами. Иако Сабаленка води со 10:7 во вкупниот меѓусебен биланс, Рибакина има подобар ефект во меѓусебните финалиња (4:2). Големото женско финале е закажано за сабота, 12 септември, со почеток од 22:00 часот.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.