Арина Сабаленка го продолжи својот победнички поход во Њујорк откако во второто коло од УС Опен рутински и експресно ја совлада русинката Полина Јаценко со убедливи 2:0 во сетови (6:1, 6:1).
Првата носителка од самиот почеток наметна жесток ритам. Со моќни удари од основната линија целосно го контролираше текот на мечот, искористувајќи го неискуството на 22-годишната ривалка на која ова ѝ беше деби во главната ждрепка на еден Гренд слем. Двојната шампионка од Њујорк брзо поведе со 5:0 и без проблеми го приведе првиот сет кон крајот, а слична слика се виде и во вториот дел од мечот каде што Сабаленка ги реши сите дилеми за помалку од еден час игра.
По не толку убедливите настапи на Ролан Гарос и Вимблдон, Белорусинката на тврдата подлога во Њујорк повторно ја пронаоѓа својата препознатлива форма и сигурност. Во следната рунда, првата носителка за противничка ќе ја има Камила Рахимова од Узбекистан.

