Меѓународен фудбал Фудбал

Руни сака да ги одмери силите со Карагер, го повика на боксерски дуел

Легендарниот англиски напаѓач Вејн Руни повторно привлече внимание со необичен предизвик, упатувајќи боксерски повик до својот поранешен ривал Џејми Карагер. Поранешниот капитен на Манчестер Јунајтед откри дека би сакал да ги одмери силите со некогашниот дефанзивец на Ливерпул во боксерски ринг.

„Навистина би сакал да се пресметам со Карагер. Кара, би ми било задоволство да те внесам во рингот“, порача Руни во интервју за боксерската промотивна куќа „Квинсбери“.

41-годишниот Англичанец откри и дека љубовта кон боксот ја има уште од младоста, кога тренирал во периодот додека бил дел од Евертон. Според него, овој спорт имал значително влијание врз неговиот физички развој и му помогнал да ја изгради потребната сила за професионалниот фудбал. Сепак, клубот го спречил да продолжи со боксерските тренинзи кога имал само 15 години.

Врската на Руни со боксот одамна е позната, а особено се памети снимката од 2015 година кога Фил Бардсли го нокаутираше за време на пријателски спаринг во домот на англискиот напаѓач. Засега нема потврда дали предизвикот кон Карагер ќе прерасне во вистински боксерски дуел, но ваквата идеја сигурно би предизвикала голем интерес кај љубителите на фудбалот и боксот.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.