Меѓународен фудбал Светски првенства Фудбал

Руди Гарсија: Ова е победа на карактерот и вербата!

Селекторот на Белгија, Руди Гарсија, не го криеше воодушевувањето по неверојатниот пресврт и победата од 3-2 против Сенегал, со која неговата репрезентација обезбеди пласман во осминафиналето на Светското првенство 2026.Белгија се најде во исклучително тешка ситуација, откако до 86. минута имаше негатива од 2-0. Сепак, „црвените ѓаволи“ покажаа голем карактер, постигнаа два гола во самиот финиш, изборија продолженија, а потоа во 125. минута Јури Тилеманс од белата точка го реализираше победничкиот пенал за историски пресврт.

„Во фудбалот никогаш не смеете да се предадете. Додека постои надеж, постои и можност за пресврт. Оваа репрезентација уште еднаш покажа дека нејзината најголема сила е колективот. Не победуваат само единаесетте играчи што го почнуваат натпреварот, туку целата екипа, вклучувајќи ги и оние што добиваат шанса од клупата“, изјави Гарсија по мечот.

Белгискиот стратег истакна дека Сенегал направил тактичка грешка кога решил да ја брани предноста наместо да продолжи со офанзивна игра.

„Во последните минути противникот премногу се повлече и се фокусираше единствено на зачувување на резултатот. Тоа ни овозможи да преземеме целосна иницијатива. Откако го постигнавме првиот гол, почувствувавме дека можеме да се вратиме. Самодовербата растеше од минута во минута, израмнивме, а потоа во продолженијата ја крунисавме нашата борба со победничкиот гол од пенал. Мислам дека ова е заслужена награда за упорноста и вербата што ја покажаа моите фудбалери“, порача Гарсија.

Со оваа драматична победа, Белгија се пласираше меѓу 16-те најдобри селекции на Мундијалот, каде ќе се обиде да го продолжи својот поход кон завршницата на турнирот.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.