Меѓународен фудбал Светски првенства Фудбал

Роналдо Назарио го критикува Анчелоти: Зошто Рафиња игра на контра-позиција?

Бразилската фудбалска легенда Роналдо Назарио јавно ги доведе во прашање тактичките замисли на селекторот Карло Анчелоти по бледото мундијалско реми на Бразил против Мароко (1:1). Популарниот „Феномен“, кој своевремено соработуваше со Анчелоти во Милан, призна дека е збунет од одредени решенија на италијанскиот стратег.

Во анализа за „ESPN Brasil“, Роналдо отворено го критикуваше позиционирањето на ѕвездата на Барселона, Рафиња, на левата крилна позиција.

„Недоразбирање е Рафиња да игра лево, по онаа неверојатна сезона во Барселона каде доминираше по десната страна. Некои одлуки навистина беа неразбирливи“, дециден е двократниот освојувач на „Златната топка“.

Сепак, Роналдо не крие дека останува оптимист пред дуелот со Хаити. Тој смета дека за лошото прво полувреме против Мароко и бројните згрешени пасови кумувала и огромната психолошка напрегнатост која е карактеристична за дебитантите на отворањето на еден ваков голем шампионат.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.