Кристијано Роналдо постави нов рекорд во светскиот фудбал, станувајќи првиот играч кој постигнал погодок на шест различни Светски првенства. Португалецот се запиша меѓу стрелците во натпреварот против Узбекистан, кога ја затресе мрежата уште во 6′ минута од средбата, а вториот гол го постигна во 39′ минута за висока предност на полувреме од 3-0 против Узбекистан. Со тоа, тој додаде уште едно историско достигнување во својата богата кариера.
Овој гол беше негов десети на Мундијалите, а воедно го вброи и меѓу највозрасните стрелци во историјата на Светските првенства.Иако Лионел Меси има повеќе голови на мундијалските турнири, Аргентинецот успеал да постигне погодок на пет различни Светски првенства. Затоа рекордот на Роналдо засега останува единствен и недостижен. Со новиот подвиг, португалската легенда уште еднаш го потврди своето место меѓу најголемите фудбалери на сите времиња.

