Меѓународен фудбал Фудбал

Роналдо до Жорж Жезус: „Ако сакаш да бидам на трибините, ќе бидам.“

Кристијано Роналдо повторно е во центарот на вниманието во Португалија откако не доби ниту една минута на натпреварот против Норвешка. Видно незадоволен, капитенот веднаш по завршувањето на мечот замина во соблекувалната, додека останатите резервни фудбалери излегоа на теренот за да ги поздрават соиграчите и навивачите.

Ова беше првпат по повеќе од две години Роналдо да го изгледа целиот натпревар од клупата за резерви, а првпат на еден официјален меч уште од Европското првенство во 2008 година. Во пресрет на гостувањето кај Данска во Лигата на нации, селекторот Жорж Жезус и претседателот на Фудбалската федерација на Португалија, Педро Проенса, мораа да ги смируваат страстите и да ја разјаснат ситуацијата во таборот.

Селекторот Жезус на прес-конференцијата истакна дека нема простор за скандали и откри што му порачал португалскиот ас за време на нивниот разговор:

„Нема никаков проблем. Кристијано ми рече: ‘Ако сакаш да играм, ќе играм. Ако сакаш да бидам на клупа, ќе бидам. Ако сакаш да бидам на трибините, ќе бидам’. Претседателот дојде да биде со тимот и по вечерата го решивме проблемот кој, всушност, и не постоеше.“

Португалскиот стратег објасни дека Роналдо долго се загреваше во второто полувреме, но на крајот се одлучи да не го внесе во игра, свесен дека ниту еден фудбалер не е среќен кога се загрева 30 минути а потоа не влегува во игра. Сепак, Жезус испрати јасна порака за својот авторитет во тимот:

„Јас сум селектор и му кажав на играчот дека нема да игра. Доколку ми треба за 30 минути, ќе влезе, доколку не, нема да игра. Ниту еден фудбалер никогаш нема да може да го промени моето мислење. Ниту тој, ниту кој било друг во фудбалот, па ниту претседателот.“

Роналдо беше стартер на првиот меч под водство на Жезус против Велс, додека против Норвешка предност доби Гонсало Рамос со цел внимателно да се распредели минутажата и оптоварувањето на 39-годишниот капитен за време на овој репрезентативен циклус.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.