Меѓународен фудбал Фудбал

Роналд Араухо оди на позајмица во Ливерпул!

Додека ги финализира преговорите за доаѓањето на Родри, спортскиот сектор на Барселона неочекувано му одобри позајмица на Роналд Араухо во редовите на Ливерпул. Уругвајскиот дефанзивец и еден од капитените на каталонскиот тим заминува за Англија, а според информациите од Островот, „црвените“ обезбедија и право на целосен откуп на неговиот договор на крајот од сезоната.

За Ливерпул ова е експресно решение за дефанзивната линија по заминувањето на Ибрахима Конате и зачестените проблеми со повреди кај останатите дефанзивци. Араухо носи огромно искуство на големата сцена, а за премиерлигашот ќе биде важна опција и поради фактот што покрај стоперската позиција, успешно може да покрие и како десен бек.

Преселбата во Англија е шанса за Уругваецот да го врати препознатливиот континуитет по турбулентната сезона во која пропушти голем дел од натпреварите поради повреди, додека за Барселона ова е одлична можност да го растовари ростерот и буџетот за плати пред одбраната на титулата во Ла Лига.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.