Меѓународен фудбал Фудбал

Ромелу Лукаку го пропушта дуелот со Турција, под знак прашалник и за Италија!

Белгиската фудбалска репрезентација претрпе сериозен удар пред клучните натпревари во Лигата на нации. Најдобриот стрелец во историјата на „црвените ѓаволи“, Ромелу Лукаку, дефинитивно го пропушта претстојниот гостувачки меч против Турција, а под голем знак прашалник е и неговиот настап на затворањето на групната фаза против Италија.

Од таборот на репрезентацијата потврдија дека корпулентниот напаѓач нема да патува со тимот поради повреда на колкот и ќе остане во Брисел на дополнителни медицински третмани. Медицинскиот штаб прави сè за да го оспособи за неделната пресметка со „азурите“, а конечната одлука ќе биде донесена во петок. Селекторот одлучи да не повикува дополнителна замена во офанзивната линија.

Отсуството на искусниот голгетер, кој по настапите за Интер, Рома и Наполи во август премина во редовите на Фенербахче, е огромен пех за Белгијците во драматичната завршница од групата А1.

Франција во моментов диктира темпо на врвот со 10 бода, пред Италија со 7 и Белгија со 6 бода. Во четврток Италија ѝ гостува на Франција, додека Белгија оди во Турција, за во недела да следи директната пресметка меѓу Белгија и Италија.

Со оглед на тоа што Лукаку е рекордер со дури 94 погодоци на 135 меча за националниот тим, неговото потенцијално отсуство од двата меча остава огромна празнина во нападот во моментите кога Белгија мора да бара победи за да фати приклучок за првите две места.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.