На денешната ждрепка во Швајцарија беа формирани групите за претквалификациите за Евробаскет 2029 во женска конкуренција. Македонската сениорска репрезентација ќе настапи во групата Ц, каде за противници ќе ги има селекциите на Романија и Естонија.
Во оваа фаза учествуваат десет репрезентации поделени во три групи. Пласман во следната рунда ќе обезбедат победниците на групите, како и најдобрата второпласирана селекција.

