Марсеј зад себе остави уште една разочарувачка сезона во која едвај избори пласман во Лига Европа. Сепак, главна светла точка во францускиот тим беше англискиот напаѓач Мејсон Гринвуд со своите фантастични настапи. Тој целосно ја рехабилитираше кариерата и за две сезони постигна 48 голови на вкупно 81 натпревар. Во изминатата натпреварувачка година Англичанецот блесна на врвот со ефект од 26 голови и 11 асистенции.
За неговите услуги веќе се заинтересирани европски гиганти како Атлетико Мадрид, Борусија Дортмунд и Јувентус. Сепак, италијанската Рома ги направи првите конкретни чекори и веќе стапи во контакт со неговиот татко. Со обезбедениот пласман во Лигата на шампионите, калчолигашот има сериозна финансиска моќ за вакво засилување. Гринвуд би бил идеален за офанзивниот стил кој во клубот го форсира стратегот Џанпјеро Гасперини.
Привлечноста на елитното натпреварување и позитивниот пример на Дониел Мален дополнително го мотивираат англискиот фудбалер. Најголема пречка за реализација на овој трансфер сепак може да биде високата цена на пазарот. Марсеј бара сума од 55.000.000 до 60.000.000 евра за продажба на англискиот голгетер. Рома ќе се обиде да ја спушти цената, иако половина од отштетата му припаѓа на Манчестер Јунајтед.

