Рома останува со максимален учинок во новата сезона во Серија А, откако вечерва славеше со 2:0 на гостувањето кај Торино во натпреварот од четвртото коло. Римскиот состав одигра сигурен натпревар и со новите три бода стигна до 12 на своето конто, со што го презеде врвот на табелата. Торино, пак, остана на три бода и моментално се наоѓа на 14. позиција.
Рома до предност стигна во 40. минута. По една грешка во расчистувањето на домашната одбрана, топката стигна до Дониел Мален, кој одлично се снајде во шеснаесетникот и ја затресе мрежата за 0:1. Торино се обидуваше да се врати во игра, но гостите го задржаа водството до самиот финиш. Во третата минута од судиското надополнување, Николо Пизили ја искористи грешката на домаќините, ја освои топката во казнениот простор и погоди за конечни 0:2. Со оваа победа Рома ја продолжи совршената серија и по четири одиграни кола има четири триумфи, без загубен бод.

