Меѓународен фудбал Фудбал

Рома купува три звучни засилувања

Римската „волчица“ на најубав можен начин ја затвори домашната кампања, обезбедувајќи го големиот повратник на најпрестижната европска сцена. Со влезот во фудбалската елита, клубот веднаш почнува со кроење на тимот со цел рамноправно да се носи со најдобрите на континентот.

Рома во последното коло од Серија А го завери билетот за Лигата на шампионите, откако славеше над Верона и максимално ги искористи киксовите на Јувентус и Милан. Свесни дека елитното друштво бара многу поголем квалитет, челниците на клубот веднаш се насочија кон трансфер пазарот.

Како што пренесува влијателниот весник „Газета дело Спорт“, Рома веќе подготвува терен за три звучни засилувања кои треба комплетно да го освежат нападот. Прва желба е Мејсон Гринвуд од Марсеј, веднаш зад него е Џошуа Зиркзе од Манчестер Јунајтед, додека третиот пик е Крисенсио Самервил од Вест Хем, екипа која испадна од Премиер лигата. Токму овој офанзивен трилинг се очекува да донесе нова моќ и ефикасност на „Олимпико“.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.