Меѓународен фудбал Фудбал

Рома и Комо ја досонуваа Лигата на шампионите, Милан се распадна, а извиси и Јувентус!

Последното коло во Серија А донесе неверојатна драма во борбата за пласман во елитното друштво. Четири екипи се бореа за две слободни места кои водат во Лигата на шампионите. На крајот, најдебелиот крај го извлече Милан, додека Рома и Комо слават историски успех.

Екипата на Комо за првпат во својата историја обезбеди учество во Лигата на шампионите. Тимот предводен од Сеск Фабрегас оствари убедлива победа на гости кај Кремонезе со 1:4.

Головите за големиот триумф ги постигнаа Хесус Родригес, Анастасиос Дувикас и Лукас да Куња со два погодоци. Домашните постигнаа само еден утешен гол од пенал преку Федерико Бонацоли. Овој тежок пораз за екипата на Кремонезе значеше и дефинитивно испаѓање во Серија Б.

Рома се враќа во Лигата на шампионите по пауза од долги седум години. Проектот на Ѓанпјеро Гасперини уште во првата сезона донесе одличен резултат за „волчицата“. Римјаните славеа на гости кај Верона со 0:2 во натпревар со многу возбудувања.

Дони Мален го промаши пеналот во 56-тата минута, но веднаш погоди по одбиената топка. Домаќините играа со фудбалер помалку речиси цела втора половина од натпреварот. Конечниот резултат го постави Стефан Ел Шарави во судиското продолжение од мечот.

Милан имаше се во свои раце, играше против Каљари на домашен терен, поведе уште во 2-та минута со голот на Салемакерс и се чинеше се иде по планот, а потоа крах. Прво Борели израмни во 20-та минута, а Родригез во 57-та мунута донесе целосен пресврт за гостите. Јалови беа нападите на Милан во вториот дел, неуспевајќи да упатат удар во рамките на голот на Каприле. Гостите дури беа поблиску и да ја зголемат предноста. Покрај Милан, голем губитник е Јувентус кој поради полош меѓусебен скор со Комо остана на петтото место.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.