Италијанска Рома го направи првиот чекор кон голем трансфер ова лето откако стапи во контакт со застапниците на фудбалерот на Арсенал, Габриел Мартинели. Римскиот клуб ја истражува можноста за ангажман на 25-годишниот Бразилец и веќе ги одржа првичните разговори со неговиот застапник.
Мартинели со години е еден од клучните играчи на „топчиите“, а неговата брзина, продорност и можност да покрие повеќе позиции во нападот го прават идеален кандидат за желбите на Рома. „Волчицата“ сака да ја засили офанзивната линија на крилните позиции каде што Бразилецот би донел дополнителна енергија и квалитет.
Сепак, трансферот нема да биде едноставен со оглед на тоа што Мартинели има важечки договор со Арсенал, па англискиот клуб ќе мора директно да биде вклучен во следната фаза. Засега разговорите се во почетна фаза, но самиот контакт јасно ги покажува амбициите на Рома за претстојната сезона.

