Меѓународен фудбал Фудбал

Рома го блиндираше талентираниот Лули до 2031 година

Рома и официјално ја потврди продолжената соработка со младиот десен бек Емануеле Лули, потпишувајќи нов долгорочен договор кој го врзува за римскиот клуб до летото 2031 година. Претходниот договор на 19-годишниот фудбалер, кој потекнува од младинската академија на „волчицата“, истекуваше на крајот од оваа сезона.

Лули израсна во едно од најпријатните изненадувања во тимот на Рома во оваа кампања, иако пред само неколку месеци беше на самиот праг да ја напушти престолнината.

Според познатиот трансфер-експерт Николо Скира, младиот дефанзивец во летниот преоден рок бил на чекор од премин во редовите на второлигашот Авелино. Сепак, шефот на стручниот штаб Џан Пјеро Гасперини го блокирал тој трансфер и децидно побарал младокот да остане во првиот тим.

Проценката на искусниот стратег се покажа како целосен погодок. Лули го направи својот дебити за првиот состав и брзо се зацврсти во ротацијата, запишувајќи шест настапи во Серија А на кои веќе постигна и еден гол.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.