Кошарка Меѓународна кошарка

Рокетс не се предаваат, закажаа шести меч со Лејкерс!

Хјустон Рокетс покажаа неверојатен карактер и по вторпат во низа ја одложија елиминацијата, совладувајќи ги ЛА Лејкерс на гостински терен со 99:93. Иако „езерџиите“ фуриозно го отворија мечот и водеа со +11 во првата четвртина, клучниот пресврт се случи во вториот период кој гостите го добија со доминантни 30:19, преземајќи ја контролата врз резултатот. Тексашаните во еден момент изградија висока предност од 13 поени, а кога Лејкерс се доближија на само еден посед негатива во финишот, младиот Рид Шепард со два клучни коша ја врати самодовербата во својот тим. Хјустон до овој триумф беше предводен од расположениот Џабари Смит кој постигна 22 поени, додека Тари Исон додаде 18, потврдувајќи ја тимската игра во која целата стартна петорка беше двоцифрена.

Кај домаќините, Леброн Џејмс повторно беше најефикасен со 25 поени, но неговиот индивидуален учинок не беше доволен да се скрши отпорот на мотивираните гости. Остин Ривс го одбележа своето враќање на теренот со 22 поени, но неговиот слаб процент на реализација од само 4 погодоци од 16 обиди се покажа како преголем товар за нападот на Лејкерс. Со овој триумф, „ракетите“ го намалија водството на противникот на 2:3 и сега се на само два чекора од најголемиот подвиг во историјата на НБА лигата. Притисокот сега целосно се сели кај тимот од Лос Анџелес, кој ќе мора да бара решение за борбеноста на Хјустон доколку сака да избегне шокантна мајсторка. Сега сите очи се вперени кон следниот дуел, каде Хјустон ќе се обиде да стане првиот тим што некогаш анулирал негатива од 0:3 во плејоф серија.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.

Поврзани вести