Тренерот на ГРК Охрид, Борис Ројевиќ, најави максимална сериозност за реваншот против Олимпијакос во четвртфиналето од Еврокупот на ЕХФ, истакнувајќи дека пласманот понатаму сè уште не е обезбеден. И покрај победата во Атина и предноста од пет голови разлика, шефот на стручниот штаб на охриѓани потенцира дека двомечот е далеку од решен и очекува неговиот тим да одигра одговорно пред домашната публика.
„Ништо не е решено и покрај предноста од првиот меч, бидејќи во денешниот ракомет разликата лесно се анулира. Имаме проблеми со повреди и замор, што се одразува на тренинзите, но ќе дадеме максимум на теренот. Не играме само за Охрид, туку и за Македонија, што ни дава дополнителен мотив. Целта останува иста, а тоа е пласман во полуфиналето.“
Натпреварот се игра денеска со почеток во 18:00 часот во салата „Билјанини извори“ во Охрид.

