Македонски фудбал Меѓународен фудбал Фудбал

Родригес погоди, но Вардар не успеа да ја совлада Ла Фиорита

Вардар го одигра претпоследниот контролен натпревар за време на подготовките во Италија, ремизирајќи 1-1 со екипата на Ла Фиорита од Сан Марино. Македонскиот шампион дојде до погодок преку летното засилување Жерсон Родригес, кој успешно ја реализираше акцијата по одличното проигрување на Данев. Тоа беше единствениот гол за „црвено-црните“ на оваа средба.

Тренерот Кристијан Фабијани од првата минута им даде доверба на Талески, Дурански, Куестас, Мишковски, Маневски, Мурџевски, Босанчиќ, Бабунски, Тодоровски, Родригес и Данев, продолжувајќи со воигрувањето на тимот пред почетокот на новата сезона.

Ова не беше прва пресметка меѓу Вардар и Ла Фиорита. Двата клуба се сретнаа и минатото лето во квалификациите за Конференциската лига, кога скопјани убедливо победија со 3-0 на домашен терен, додека реваншот во Сан Марино заврши без победник 2-2. До крајот на подготовките во Норчија, Вардар ќе одигра уште еден тест, овојпат против Виртус, исто така претставник од Сан Марино.

Потоа следува најважниот предизвик, стартот на квалификациите за Лигата на шампионите. На 7 јули македонскиот првак ќе ги одмери силите со финскиот КУПС, кој во моментов е во одличен натпреварувачки ритам и во последното коло од домашниот шампионат убедливо го совлада Хелсинки со 4-0 на гостински терен.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.