Меѓународен фудбал Фудбал

Родри се сели во Барселона, Сити ја прифати понудата од 76,5 милиони евра!

Фабрицио Романо, Дејвид Орнштајн и сите водечки шпански медиуми потврдија дека Барселона и Манчестер Сити конечно постигнаа целосен договор за трансферот на освојувачот на „Златната топка“, Родри. По три одбиени понуди, Каталонците ја зголемија сумата на 76,5 милиони евра, што беше прифатливо за англискиот шампион со оглед на тоа што шпанскиот репрезентативец влезе во последната година од договорот.

Иако имаше понуда и од Реал Мадрид, Родри ја избра Барселона каде што уште претходно ги договори сите лични услови. Тој ќе заработува околу 15 милиони евра нето по сезона, со што ќе стане најплатениот фудбалер во тимот на Ханси Флик, а официјалното претставување на новото мега засилување се очекува во следните неколку денови.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.