Меѓународен фудбал Светски првенства Фудбал

Родри му се потсмеваше во лице на Бернардо Силва по 248 заеднички натпревари!

Шпанија го доби големото дерби против Португалија благодарение на голот на Микел Мерино во судиското продолжение. Овој погодок донесе огромна радост за „црвената фурија“, но самиот финиш на мечот донесе срамни сцени кои ја шокираа фудбалската јавност. Главни актери беа доскорешните клупски колеги Родри и Бернардо Силва.

Португалија по примениот гол имаше уште неколку минути за да се обиде да израмни и да избори продолженија. Најзрелата шанса во последните секунди ја пропушти токму новото засилување на Реал Мадрид, Бернардо Силва. Иако е најнизок на теренот, тој одлично скокна меѓу двајца шпански дефанзивци и со глава биеше за малку над пречката. Португалецот падна на тревата во целосен очај, а во тој момент актуелниот освојувач на „Златната топка“ реагираше исклучително неспортски.

Родри му се внесе во лице на својот долгогодишен соиграч. Тој почна бурно и со стегната тупаница да го слави промашувањето директно над него додека Португалецот лежеше немоќен. Двајцата фудбалери поминаа дури седум години заедно во соблекувалната на Манчестер Сити, каде што одиграа точно 248 натпревари и освоија куп трофеи, но шпанскиот играч за врска дозволи емоциите целосно да го совладаат.

Клучниот фудбалер на Шпанија експресно сфати дека претера со притисокот. Тој веднаш се обиде да го прегрне Силва и да се поправи, но неговото извинување на теренот беше експресно одбиено. Револтираниот Португалец веднаш стана и тргна физички да се пресмета со Родри, а поголем инцидент спречија останатите шпански репрезентативци кои брзо реагираа и ги раздвоија војниците.

По завршувањето на натпреварот и пласманот во четвртфиналето, Родри јавно се покаја за својот невкусен потег пред медиумите.

„Се извинувам на Бернардо Силва што така ја прославив неговата последна шанса. Ја признавам грешката“, изјави шпанскиот репрезентативец во обид да ги смири страстите со својот доскорешен пријател.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.