Меѓународен фудбал Фудбал

Родри ја избра Барселона пред Реал Мадрид!

Вистински пресврт се случи во битката за потписот на Родри, откако најдобриот фудбалер на Светското првенство одлучи да го прифати повикот на Барселона и да ја одбие можноста за преселба во Реал Мадрид. Иако двата шпански гиганти испратија речиси идентични понуди до Манчестер Сити, 30-годишниот дефанзивен играч за врска му даде зелено светло на каталонскиот клуб за договарање на личните услови.

Основната причина за оваа одлука лежи во стилот на игра што го негува Ханси Флик, кој е многу поблизок до системот на Пеп Гвардиола во однос на фудбалот на Жозе Мурињо во Реал. Дополнителен мотив за Родри се репрезентативните соиграчи Педри, Ламин Јамал, Пау Кубарси и Феран Торес, но и неговото минато во Атлетико Мадрид. Барселона го забрза офанзивниот потег по тешката повреда на Френки де Јонг, иако пред официјалната реализација ќе мора да ослободи дел од буџетот поради правилата на финансискиот фер-плеј.

Шпанскиот репрезентативец моментално се опоравува од операција на грбот, поради што уште се нема приклучено на турнејата на Манчестер Сити и ќе го пропушти претстојниот меч од Комунити Шилд против Арсенал.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.