Она што се најавуваше во изминатите денови, доби и официјална потврда откако раководството на Феенорд објави дека ја прекинува соработката со Робин ван Перси.
Поранешниот славен холандски голгетер го напушта кормилото на тимот од Ротердам по серијата незадоволителни резултати кои не ги исполнија високите амбиции на клубот. Иако неговото доаѓање донесе голем ентузијазам кај навивачите, двете страни се договорија за предвремен раскин на договорот како најдобро решение во овој момент. Холандскиот гигант соопшти дека веднаш започнува потрага по нов шеф на стручниот штаб кој ќе го предводи тимот во борбата за трофеите.

