Боречки спортови Други спортови

Роберто Солдиќ против Калин Вилијамс на дебито во УФЦ

Хрватската ММА ѕвезда Роберто Солдиќ набрзо по потпишувањето за УФЦ ги дозна сите детали за својот прв борбен предизвик во најсилната светска промоција. Солдиќ ќе дебитира на 3 октомври во рамките на настанот „УФЦ 332“ што ќе се одржи во Солт Лејк Сити, а негов ривал ќе биде американскиот борец Калин Вилијамс.

Иако измина година и пол од неговиот последен официјален меч, поранешниот шампион на КСВ во две тежински категории постојано беше во тренажен процес и изрази желба веднаш да влезе во борба. Солдиќ зад себе има професионален скор од 21 победа и 4 порази, при што дури 18 мечеви ги завршил со нокаут, поради што регионалната ММА публика со големи очекувања го чека неговото појавување во најсилната организација.

Неговиот противник Калин Вилијамс влегува во оваа пресметка со биланс од 16 победи и 5 порази (9 нокаути). Американскиот борец последен пат настапи во средината на мај во Лас Вегас, каде што со нокаут уште во првата рунда го совлада Николај Ветерников, па во октагонот против Солдиќ ќе влезе по неполни пет месеци од последната борба.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.