Меѓународен фудбал Фудбал

Роберто Мартинез е прв фаворит за нов селектор на Холандија!

По негативните одговори од Арне Слот и Ерик тен Хаг, Фудбалската федерација на Холандија брзо ја пронајде главната мета за селекторската позиција, тоа е досегашниот кормилар на Португалија, Роберто Мартинез. Иако сè уште нема официјална потврда, холандските медиуми пренесуваат дека сите детали се речиси договорени и дека шпанскиот стратег е подготвен да ја преземе клупата на „лалињата“.

Мартинез зад себе има долгогодишно репрезентативно искуство водејќи ги Белгија и Португалија. Со Португалците стигна до трофејот во Лигата на нации, додека на изминатото Светско првенство доживеа елиминација во осминафиналето од Шпанија.

Пред да се префрли на репрезентативен фудбал, Шпанецот со години работеше во англискиот фудбал на клупата на Свонси, Виган и Евертон. Доколку договорот биде официјализиран, тој ќе ги има првите официјални предизвици веќе на крајот од септември со стартот на новото издание во Лигата на нации.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.