Најтрофејниот македонски ракометен бренд, РК Вардар, доби моќен сојузник во своите понатамошни походи. На заедничка прес-конференција, клубот и компанијата „Касино Аустрија Интернешанал Македонија“ официјално го потврдија своето партнерство, со што компанијата влегува во семејството на „црвено-црните“ како еден од клучните поддржувачи.
Оваа соработка доаѓа во клучен момент кога Вардар сигурно гази кон враќање на шампионскиот пехар во домашната Суперлига, но и се подготвува за големиот европски предизвик, четвртфиналето во ЕХФ Европската лига. Како симбол на македонскиот спорт и двократен европски првак, Вардар продолжува да ги обединува најдобрите со цел одржување на највисоките спортски стандарди и враќање на старата слава.

