Меѓународен фудбал Фудбал

Ривер го купи Анхел Кореа за рекордни 15 милиони евра!

Притисокот на навивачите и серијата лоши резултати го принудија раководството на Ривер Плата да направи радикален чекор. Аргентинскиот гигант изведе историски потег и го договори ангажманот на поранешната ѕвезда на Атлетико Мадрид, Анхел Кореа. За овој трансфер од мексикански Тигрес ќе бидат платени 13 милиони евра фиксно, плус уште два милиони низ бонуси.

Офанзивецот наскоро ќе стави потпис на договор со траење од три и пол години. Со оваа сума, Кореа станува најскапото засилување во историјата на аргентинскиот фудбал. Тој веќе ги спакува куферите за Буенос Аирес по одличните настапи во Мексико. Таму на 54 мечеви постигна 23 голови и запиша 14 асистенции.

Аргентинскиот клуб нема намера да застане овде со своите амбиции на пазарот. Тие се обидуваат да го вратат и младиот бисер Франко Мастантуоно на позајмица од Реал Мадрид. Сепак, за овој потпис конкуренција е англискиот Фулам, а и самиот играч повеќе претпочита да остане во Европа.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.