Меѓународен фудбал Фудбал

Ристовски и Сараево ставија точка на соработката

Стефан Ристовски и Сараево и официјално ставија крај на соработката. Босанскиот клуб денеска потврди дека македонскиот репрезентативец повеќе нема да го носи дресот на тимот од „Кошево“. Ристовски во Сараево пристигна минатото лето од Динамо Загреб и во изминатиот период беше важна фигура во одбраната на тимот. Македонскиот дефанзивец редовно добиваше минути и беше дел од стартниот состав, но и покрај тоа двете страни одлучија да ја прекинат соработката.

Можноста за разделба беше најавена уште пред околу еден месец, а сега Сараево официјално го потврди договорениот прекин.

„Фудбалскиот клуб Сараево и Стефан Ристовски се договорија за спогодбен прекин на соработката“, соопштија од клубот.

Ристовски во бордо дресот запиша вкупно 36 настапи, на кои успеа да постигне три гола. По заминувањето од Сараево, искусниот македонски репрезентативец сега ќе треба да ја разгледа следната опција во својата кариера.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.