По деталната и искрена анализа на резултатите, раководството на Ајнтрахт Франкфурт соопшти дека спогодбено ја прекинува соработката со шефот на стручниот штаб, Алберт Риера, како и со неговите помошници Пабло Ремон Артета и Лоренцо Долчети. Шпанскиот стратег, кој претходно привлече огромно внимание со освоените трофеи во Словенија со Олимпија и Целје, а зимава фигурираше и како сериозен кандидат за клупата на Црвена ѕвезда, целосно потфрли на бундеслигашката сцена.
За време на својот краток престој во Франкфурт од февруари годинава, Риера го предводеше тимот на само 14 официјални мечеви, на кои забележа скромни четири победи, пет ремија и пет порази, завршувајќи ја сезоната 2025/26 на осмото место на табелата. Спортскиот директор Маркус Кроше му се заблагодари на Шпанецот за ангажманот во тешкиот период, но потенцираше дека клубот во новата сезона сака да тргне во друг правец, додека самиот Риера изјави дека како тренер ја презема комплетната одговорност за резултатите и му посака сè најдобро на германскиот колектив.
Навивачите на клубот исто така посакуваа смена на Риера, а во неколку наврати тие скандираа и вадеа пароли за негова смена: „Не, благодарам Алберто…” (Nada de gracias, Alberto) пишуваше на еден од транспарентите.


