Македонски ракомет Ракомет

РФМ потврди нов систем на натпреварување во Суперлигата 2027/2028

Македонската машка ракометна Суперлига ќе добие нов систем на натпреварување, откако на денешната конференција на клубовите беше официјално усвоен форматот што ќе стапи во сила од сезоната 2027/28. Иако елитното друштво и понатаму ќе брои 12 екипи, најголемите промени ќе следуваат по завршувањето на регуларниот дел од сезоната. По одигрувањето на 22 кола, табелата ќе се подели на три групи составени од по четири тима.

Во шампионската група ќе играат четирите најдобропласирани екипи и ќе се борат за титулата и местата што водат во европските купови. Екипите пласирани од петтото до осмото место ќе настапуваат во средната група, додека последните четири ќе водат директна битка за опстанок во Суперлигата. Од Ракометната федерација и клубовите очекуваат новиот формат да донесе поголема неизвесност, повеќе квалитетни натпревари и поатрактивна завршница на шампионатот.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.