Ракометната федерација на Македонија испрати повик за мобилизација до навивачите пред реванш натпреварот од квалификациите за Светско првенство против селекцијата на Словачка. Од федерацијата најавија многу забава, дружба и подароци за сите оние кои ќе дојдат на заедничка дружба пред натпреварот во СЦ „Борис Трајковски” од 14:00 часот.
Да потсетиме, на првиот натпревар составот предводен од Кирил Лазаров беше убедлив на гостовањето во Прешов (24-31) и обезбеди мирен реванш.
Натпреварот се игра утре со почеток во 19:00 часот.

