Македонски ракомет Ракомет

РФМ додели спортска опрема за прволигашите во машка и женска конкуренција

Ракометната федерација на Македонија направи нов чекор кон развојот и поддршката на домашниот ракомет, обезбедувајќи спортска опрема за екипите кои се дел од вториот по ранг натпреварувачки сегмент. На свеченост одржана во „Куќата на ракометот“, претседателот Александар Стефанов лично им врачи опрема за натпреварување на претставниците на 14 клубови од Првата машка лига и 7 екипи од Првата женска лига.

Клубовите добија комплети кои вклучуваат дресови, шорцеви, тренерки и ракометни топки наменети за претстојната сезона.

Со оваа донација, македонската куќа на ракометот уште еднаш ја потврди заложбата за инвестирање во клупската база, создавајќи подобри услови за работа и зачувување на статусот на ракометот како спорт број еден во Македонија.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.