Меѓународен фудбал Фудбал

Револуција во Ница, забранет англискиот јазик во соблекувалната!

По една од најтешките сезони во поновата историја, во Ница започнуваат големи промени. Новиот спортски директор Рожер Рикор веднаш воведе строги дисциплински правила со цел да ја промени атмосферата и менталитетот во клубот.

Според француските медиуми, Рикор, заедно со новиот тренер Оливие Панталони, донел одлука во клубот да се користи исклучиво францускиот јазик, а комуникацијата на англиски е забранета. Целта е сите фудбалери да го совладаат основното познавање на францускиот и полесно да се интегрираат во тимот.

Покрај тоа, играчите задолжително се пријавуваат при пристигнување во тренинг-центарот, сите оброци ги имаат заедно, а спортскиот директор секое утро одржува индивидуални разговори со фудбалерите.

„Не сакам помпезност, но ако сакаме да промениме нешто, мора да почнеме од менталитетот“, изјавил Рикор.

Ница минатата сезона едвај избори опстанок во француската Лига 1, откако преку бараж го елиминираше Сент Етјен, па во клубот веруваат дека новите правила ќе донесат многу подобри резултати.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.