Кошарка Меѓународна кошарка

Ретро стил за новата сезона, Индијана ги откри новите дресови! (ВИДЕО)

Индијана Пејсерс официјално ги претстави новите „Statement Edition“ дресови, инспирирани од препознатливиот дизајн што клубот го носеше кон крајот на 90-тите години. Франшизата се одлучи за враќање на легендарните вертикални линии, комбинирани со златна основа, црни пруги и темносини детали.

На предниот дел од дресот доминира натписот „Indiana“, додека на шорцевите е прикажана силуетата на сојузната држава со логото на клубот и ѕвезда што го означува Индијанаполис. Посебен детал е и натписот „Boom, Baby!“ на долниот дел од дресот, кој е посветен на легендарниот тренер и коментатор Боби „Слик“ Леонард. Од клубот истакнуваат дека новиот изглед претставува спој на традицијата и модерниот идентитет на Пејсерс. Интересно е што претходната генерација на дресови со ваков дизајн се поврзува со еден од најуспешните периоди во историјата на франшизата, кога Индијана девет сезони по ред настапуваше во плејофот, вклучувајќи го и финалето во 2000 година.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.