Работнички ги засили своите редови за новата сезона со македонскиот репрезентативец Кристијан Николов. 29-годишниот плејмејкер се враќа во Градски парк, каде што настапуваше и во 2023 година.
Во домашниот шампионат тој претходно неколку сезони ги бранеше и боите на МЗТ Скопје. Изминатата сезона искусниот организатор на играта настапуваше за турскиот клуб Газиантеп.
Николов зад себе има богата кариера градена претежно на турската кошаркарска сцена. Тој го носеше дресот на гигантот Галатасарај, а играше и за Трабзон, Коња, Петким и Истанбул ББ.

