Меѓународен фудбал Фудбал

Ремек-делото на МекТоминеј заврши на банкнота од 20 фунти!

Шкотските навивачи конечно дочекаа по цели 28 години пауза нивната репрезентација да избори пласман на едно Светско првенство, а еден нереален момент од квалификациите доби вечно место во националната историја. Националната банка на Шкотска подготви вистински шок за јавноста и реши да му оддаде неверојатно признание на Скот МекТоминеј, ставајќи го неговиот легендарен гол на новата банкнота од 20 фунти.

Станува збор за култниот натпревар против Данска одигран во ноември минатата година, во кој Шкотите славеа со 4:2 и ја заверија визата за Мундијалот во Северна Америка. Уште во третата минута од средбата, МекТоминеј ја крена публиката на нозе со спектакуларни „ножички“ за почетно водство. Иако Данците подоцна израмнија на 2:2 и направија вистинска драма, Киран Тирни и Кени Меклин во финишот погодија за делириум на трибините и историски пласман меѓу елитата.

Ова ремек-дело на МекТоминеј сега е врежано на новата банкнота, веднаш до препознатливиот мост „Форт“ во Единбург. Инаку, на претстојниот Мундијал, Шкотска ќе игра во исклучително атрактивна група против Бразил, Мароко и Јордан.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.