Меѓународен фудбал Фудбал

Рекордно коло за историја во ЛШ, паднаа дури 78 голови!

Второто коло од Лигата на шампионите во сезоната 2026/27 влегува во историјата на најелитното европско натпреварување како убедливо најефикасно досега, откако на 18 натпревари беа постигнати дури 78 погодоци.

Најголемиот голгетерски спектакл го приредија ЛАСК и Ливерпул со дури девет голови (3:6). По седум погодоци беа видени на драматичните мечеви Интер – Бриж (3:4) и Рома – Реал Мадрид (3:4), додека за нијанса помала голеада со по шест гола имаше на дуелите Астон Вила – Фенербахче (6:0), Манчестер Сити – ПСЖ (2:4) и Викинг – Бајерн Минхен (3:3).

Овој вкупен биланс е за дури седум гола подобар од претходниот рекорд на групната фаза во ерата започната во 1992 година, кога во 3. коло од минатата сезона (2025/26) беа постигнати 71 погодок.

По првите 180 минути фудбал во Лигата на шампионите, најдобар сооднос на дадени и примени голови (+7) имаат актуелниот шампион ПСЖ, Барселона и Астон Вила, кои имаат постигнато седум голови повеќе отколку што примиле во воведните два натпревари.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.