Иако претрпе пораз од 1:2 во големото дерби против Реал Мадрид, Барселона може да биде повеќе од задоволна кога е во прашање финансискиот биланс од организацијата на „Ел Класико“.
Каталонскиот клуб од продажба на влезници за овој спектакл инкасираше неверојатни 19.105.768 евра, со што го сруши клупскиот рекорд за најголема заработка од еден натпревар. Досегашниот рекорд од 16.465.731 евра поставен на 10 мај беше надминат за дури 16 проценти.
Значителниот скок во приходите се должи на повисоките цени на влезниците, но и на проширувањето на ВИП-капацитетите на вториот ниво од стадионот.
Покрај приходите од билети, посебно импресивен е податокот и од официјалната продавница на стадионот. Само на денот на натпреварот, од продажба на дресови и клупски сувенири, Барселона оствари дополнителен профит од дури 800.000 евра.

