Меѓународен фудбал Светски првенства Фудбал

Рекорд што долго ќе се памети, Пикфорд испиша историја!

Џордан Пикфорд продолжува да испишува нови страници во историјата на англискиот фудбал. Искусниот голман постави нов национален рекорд по бројот на настапи на Светските првенства, откако беше стартер во четвртфиналната победа на Англија над Норвешка со 2-1 по продолженија. Со овој натпревар, Пикфорд стигна до вкупно 18 настапи на мундијалите и ги надмина легендарниот Питер Шилтон и капитенот Хари Кејн, кои останаа на 17 одиграни средби.

Чуварот на мрежата на Евертон настапува на своето трето Светско првенство, по учествата во 2018 и 2022 година, а во меѓувреме двапати играше и во финалињата на Европското првенство со Англија. Пикфорд дебитираше на мундијалите во Русија во 2018 година, кога беше прв избор меѓу стативите уште на првиот натпревар против Тунис. Оттогаш стана незаменлив дел од англиската репрезентација, а со своите настапи се вброи меѓу најдобрите голмани во историјата на националниот тим.

Покрај рекордот по број на настапи, Пикфорд има и шест натпревари без примен гол на Светските првенства, со што се израмни со легендарниот Гордон Бенкс. Пред него на оваа листа останува само Питер Шилтон, кој во својата кариера забележа десет „чисти мрежи“ на мундијалите.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.