Репрезентацијата на Иран постави необичен рекорд на Светското првенство. Во натпреварот против Белгија, селекторот Амир Галеној на терен испрати стартен состав кој официјално стана највозрасниот во историјата на мундијалите од 1966 година наваму.
Просечната возраст на првите единаесетмина изнесува 32 години и 181 ден, со што Иран го надмина досегашниот рекорд на Германија од Светското првенство во 1998 година.
Интересен е и податокот дека во стартниот состав на Иран немаше ниту еден фудбалер роден по 2000 година. Најмладиот играч бил роден во 1998 година, додека најискусниот член на тимот е роден во 1989 година.
Иако модерниот фудбал сè повеќе им дава шанса на младите играчи, Иран покажа дека искуството и натаму има важна улога на најголемата светска сцена.
Iran’s starting XI vs. Belgium has the oldest average age in World Cup history 🤯 pic.twitter.com/cbmRrBzeLq
— CBS Sports Golazo ⚽️ (@CBSSportsGolazo) June 21, 2026

