Кошарка Меѓународна кошарка

Редик незадоволен од Брони: Иднината на синот на „Кралот“ под голем знак прашалник

Заминувањето на Леброн Џејмс во редовите на Филаделфија го остави неговиот син, Брони Џејмс, во деликатна ситуација во Лос Анџелес Лејкерс. Со оглед на тоа што влегува во својата трета НБА-сезона, од 22-годишниот бек се очекуваше да преземе поголема улога во пост-Леброн ерата на клубот, но неговите изданија во предсезоната беа далеку од задоволителни.

На четирите подготвителни натпревари, Брони постигна скромни 11 поени и забележа дури 12 изгубени топки, завршувајќи со просек од 2,8 поени, 2,8 скокови и 3,3 асистенции. На последната пресметка против Голден Стејт, за речиси 11 минути на паркетот остана со нула поени и четири изгубени топки, што ја отвори темата за неговиот статус.

Неговите слаби игри отворено ги прокоментира и тренерот на Лејкерс, Џеј Џеј Редик:

„Мислам дека не играше добро на овие четири натпревари. Имаше добар септември и добро лето со нас. Предсезоната му е лоша, но имаше одлични тренинзи. Дел од тоа е ритамот, но дел се и поставите во кои играше, одигра многу минути со играчи кои имаат двострани договори или кои пристигнаа пред неколку дена, па тоа не го стави во најдобра позиција за успех“, истакна Редик.

По заминувањето на Леброн, во Лос Анџелес сѐ погласно се шпекулира за можен трејд на Брони. Тој влегува во третата година од четиригодишниот дебитантски договор вреден 7,9 милиони долари, при што сезонава ќе заработи 2,3 милиони долари, а Лејкерс имаат клупска опција да го задржат за дополнителни 2,5 милиони за следната година.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.