Екипата на Ред Бул му понуди нов договор на четирикратниот шампион во Формула 1, Макс Верстапен. Според германски „Билд“, новиот договор би важел до крајот на 2029 година со поголема плата.
Актуелниот договор на Холанѓанецот истекува во 2028 година и содржи клаузула за предвремен раскин. Ред Бул се обиде да ја откупи оваа клаузула, но менаџерите на Верстапен ја одбија таа опција.
Претставниците на холандскиот возач сè уште немаат дадено конечен одговор на понудата. Сепак, двете страни ги продолжуваат преговорите околу сите детали за идната соработка.
Шпекулациите за заминување на Верстапен се засилуваат, но ривалските тимови Мерцедес, Ферари и Мекларен немаат место за него. Сите три екипи веќе потврдија дека се задоволни со своите актуелни возачи.

