Кошарка Меѓународна кошарка

Реал со историски кошмар, Кар го сруши шампиониот во последната секунда (ВИДЕО)

Третото коло во Евролигата донесе вистинска лудница на европските паркети, одбележана со историски црн рекорд на Реал Мадрид, драматичен триумф на Виртус Болоња со тројка во последната секунда против актуелниот шампион Олимпијакос, како и тешката, но важна победа за Црвена Звезда.

Најголемиот шок се случи во Тел Авив, каде што Реал Мадрид претрпе пораз од Хапоел со 102-98 и со тоа го запиша најлошиот почеток на европска сезона во целата клупска историја. Со скор од 0-3, „кралскиот клуб“ за првпат откога постои тргна со три последователни порази во Европа. Избраниците на Педро Мартинез успеаја да се вратат од негатива од дури 22 поени и со серија од 17-0 пред последната четвртина дури и да поведат, но во драматичниот финиш немаа сили да ги задржат налетот и концентрацијата.

Во Болоња се одвиваше вистински трилер каде што Виртус ја приреди сензацијата на вечерта совладувајќи го европскиот првак Олимпијакос со 96-94. Апсолутен херој на домашните беше Маркус Кар, кој со ладнокрвна тројка со звукот на сирената го запечати првиот триумф за италијанскиот состав сезонава. Натпреварот донесе жестока напаѓачка кошарка во која гостите од Пиреја имаа предност пред самиот крај, но Кеслер Едвардс со важен погодок зад линијата за три поени и Кар во последниот посед го докрајчија фаворитот.

Натпреварувачкиот ден го заокружи пресметката во Белград, каде што Црвена Звезда успеа да стигне до првата победа совладувајќи го Анадолу Ефес со 77-72. Домаќините водеа тешка битка низ агресивна одбрана, а клучниот импулс во третиот период го даде Чима Монеке кој постигна 13 врзани поени за својот тим. Мечот го одбележа и тешката повреда на првата ѕвезда на гостите, Мајк Џејмс, кој на носила го напушти теренот, додека точка на победата на белграѓани стави Тајсон Картер од линијата за слободни фрлања во самите завршни секунди.



Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.